ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ МАКЕДОНЦИ КОЈ СЕ ВО ГРЦИЈА – Бидете внимателни, овие делови ќе ги погоди силно невреме!
Над Балканскиот Полуостров во моментов многу силен циклон, вклучувајќи големи невремиња и драстичен пад на температурите.
Страшното невреме што ја зафати и „уништи“ Словенија, а денес соседна Србија и делови од нашата држава, ќе зафати дури и Грција, што е ретка појава во летниот дел од годината.
Еден од центрите на циклонот се наоѓа над Србија, а истиот моментално е многу изразен и се протега низ цела Македонија и западните региони на Грција.
Во текот на попладневните часови, како дел од циклонот, силни грмотевици паднаа од Јонското Море на островите во Јонското Море и во северозападниот, западниот и југозападниот дел на Грција. Невремето проследено со грмотевици ги зафатија островите од Крф преку Лефкада и Кефалонија до Закинтос, а на удар е и југот на Пелопонез.
Во овие области до крајот на денот се очекуваат обилни врнежи и силни грмежи, па затоа се препорачува крајна внимателност. Инаку, во овие краишта на Грција престојуваат голем број туристи од Македонија.
Во вечерните часови невреме со грмежи ќе го зафати централниот дел од земјата, а до утро ќе се прошири и во североисточниот дел од земјата.
Така, невремето и најобилните врнежи најмногу ќе го погодат подрачјето на Јонското Море во Грција.
Сепак, во недела навечер и во недела претпладне врнежи со грмежи и засилен ветер ќе ги зафатат северниот и североисточниот дел на Грција и пошироките области на Солун, како и делови од Халкидики, но во многу поблага форма од западниот дел на земјата и областа на Јонското Море.
Добрата вест е што во недела се очекува стабилизирање и разведрување на времето во текот на денот, така што во поголем дел од егејскиот дел на Грција ќе се избегнат врнежи и невреме, бидејќи студениот фронт од Јонското Море и од запад и северно од земјата ќе пристигне ослабено на исток и југоисток од Грција, што тоа нема да биде случај во Македонија, бидејќи во следните 24 часа се очекуваат многу обилни врнежи од дожд и силни грмежи.
Инаку, во Грција од понеделник повторно се очекува вистинско летно време со сончево и многу топло време.
Освен во Грција, врнежливото и значително постудено време ќе го расипе уживањето на туристите и на Јадранското Море, а враќањето на летото во тие региони се очекува на почетокот на следната недела.