,,Важно е ништо да не оди според планот на Путин!” – Зеленски се огласи по историскиот разговор со Трамп, еве што сака Украина!

Украина нема да прифати никакви договори постигнати меѓу САД и Русија без нејзино учество, изјави попладнево Володимир Зеленски.

Зборувајќи за новинарите за неговиот телефонски разговор со Доналд Трамп, Зеленски истакна дека е клучно Украина да биде присутна на преговарачката маса.

Тој додаде дека за време на разговорот со Трамп не се разговарало за членството на Украина во НАТО, но признал дека е свесен за позицијата на САД дека не ја сака Украина во тој одбранбен сојуз.

„Денес е важно ништо да не оди според планот на Путин. Тој сака да ги води сите преговори билатерално со САД“, нагласи Зеленски.

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази надеж за мировен договор, но се чини дека тој веќе направил одредени отстапки на Путин уште пред да започнат преговорите.

trump01 AP Еван Вучи.jpg

Синоќа Трамп рече дека е „непрактично Украина да стане членка на 
НАТО“ и дека „не е веројатно дека ќе може да ја врати целата окупирана територија“.