Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората
Најновото истражување на научниците покажа сеизмолошки докази за постоење на вода во течна форма на планетата Марс, пишува Би-Би-Си.
Наодите доаѓаат од новата анализа на податоците од лендерот Mars InSight на НАСА, кој слета на планетата во 2018 година.
Лендерот носел сеизмограф, кој четири години бележел вибрации – земјотреси на Марс – од длабочината на Црвената планета.
Анализирајќи ги тие земјотреси – точно како се движи планетата – откри „сеизмолошки сигнали“ на течна вода.
Анализата откри резервоари со вода на длабочини од околу 10 до 20 километри во кората на Марс.
Студиите на површината на Марс – со нејзините канали и бранови – покажуваат дека на планетата во античко време имало реки и езера. Но, веќе три милијарди години Марс е пустина.
Локацијата на овој подземен водоносен слој на Марс не е добра вест за милијардерите кои планираат да го колонизираат Марс кои би сакале да го искористат.
„Тоа е заробено на 10-20 километри длабоко во кората. Дупчењето дупка длабока 10 километри на Марс – дури и за Илон Маск – би било тешко“, вели професорот Мајкл Манга од Универзитетот во Калифорнија, Беркли.
Откритието може да укаже и на друга цел во тековната потрага по докази за живот на Марс.
„Без течна вода, не можете да имате живот. Значи, ако има услови за живот на Марс, тие би можеле да бидат длабоко под земја“, рече професорот Манга.