ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ КОИ СЕ ВО ГРЦИЈА – Се приближува опасно невреме: Метеоролог најави ураган, торнадо и силно невреме

Ако сте на море во Грција, доаѓаат лоши вести! 

Метеорологот Клеархос Марусакис предупредува на доаѓање на многу лошо време, кое ќе се карактеризира со обилни врнежи и екстремно силен ветер, дури и на ниво на ураган, во поголем дел од Грција. Ова лошо време, се вели, може да предизвика екстремни временски настани, вклучувајќи град, поплави, торнада, молњи и високи бранови.

Клеархос Марусакис посочува дека од понеделник ќе започне лошото време кое ќе се движи од север и најпрво ќе го зафати копното, Јонското Море, западниот и северниот дел на Егејот. Во втората фаза, која ќе трае од вторник до среда, источните делови од земјата и јужните региони ќе бидат најпогодени, а западно-северозападно Егејско Море ќе биде под зголемен ризик.

Посебно загрижува можноста за формирање на медитерански циклон, кој иако моментално работи далеку од брегот на Грција, може да го промени својот пат и да влијае на невремето во поголемиот дел од земјата. Метеорологот апелира да се следи развојот на оваа состојба. Клеархос Марусакис истакнува дека морињата околу Грција во моментов се многу топли, што може да предизвика експлозивна нестабилност и да доведе до исклучително опасни временски услови кои можат да го загрозат човечкиот живот.