Фатмир Битиќи ќе поднесе преставка до КЗК за да се провери дали трговците здружено ги зголемувааат на цените на производите

 Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека во вторник во Комисијата за заштита од конкуренција лично ќе достави претставка за да се провери дали трговците здружено ги зголемуваат цените на основните прехранбени производи. 

Во вторник во 10 часот ќе одам во Комисијата за заштита од конкуренција да доставам преставка за да почнат да постапуваат во млечната индустрија и во други индустрии“, вели Фатмир Битиќи денеска одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на ИПАРД 3 програмата во Скопје

Претходно, од Комисијата за заштита на конкуренцијата изјаснија дека тие не можат самоиницијативно да ги проверуваат трговците дали здружено ги договараат цените и дека за да постапат потребно е да биде поднесена преставка. 

Во вторник на седница на Влада, како што најави Фатмир Битиќи, ќе биде донесена и мерка во делот на млечната индустрија поради недостигот на млеко со што производителите ќе може соодветно да интервенираат.

Ние не може да им ги намалиме цените за тие да работат со загуба. Тоа никој не го очекува, но исто така не можеме да дозволиме на грбот на производителите и на грбот на граѓаните, најголемиот профит да го прават оние кои ги продаваат продуктите“, вели Фатмир Битиќи

Фатмир Битиќи

Во однос на зголемените цени на овошјето и зеленчукот, Фатмир Битиќи посочи дека земјава е се уште увозно зависна, но дека домашното производство на храна е зголемено во однос на 2016 година.  

Кога имате земја која е увозно зависна за основните прехранбени производи не може да очекувате дека за пет години ќе ја направите извозно ориентирана за да обезбеди доволни количини за домашниот пазар и плус да извезе. Денеска се произведува за 70 проценти повеќе од 2016 година, но не е доволно за да обезбеди целосно домашно производство за домашниот пазар“, посочи Фатмир Битиќи.