Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ создаде паралелен систем во Македонија, го кочи функционирањето на институциите

Заменик Премиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека ВМРО-ДПМНЕ направила паралелен систем во државата и дека го кочи функционирањето на институциите, пренесува Телеграф Македонија.

Потврдувам дека пред една година кога една од политичките партии побара предвремени избори, се соочивме со таканаречениот „бел штрајк“ во кој институциите не работат затоа што некој од внатре ги угнетува“, рече Битиќи.

Тој вели дека овој паралелен систем е создаден уште од времето на режимот и дека се многу зајакнати.

Битиќи рече дека тие се на власт да градат функционални институции, а нема да дозволат да се вратат на власт оние кои го ставаат во функција паралелниот систем.