Приходите на Tesla во првиот квартал достигнаа 23,3 милијарди долари

Компанијата Тесла го објави билансот на состојба за првиот квартал од 2023 година.

Приходите на американскиот производител на електрични автомобили Tesla достигнаа 23,3 милијарди долари во првиот квартал од оваа година, што е за 24 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година, пренесува Anadolia.

Компанијата Тесла го објави билансот на состојба за првиот квартал од 2023 година.

Нето добивката на американската компанија падна за 24 отсто на 2,5 милијарди долари.

Од друга страна, нето добивката на Tesla во истиот период минатата година изнесуваше 3,3 милијарди долари.

Заработката по акција на компанијата, која беше 1,07 долари во првиот квартал од 2022 година, се намали на 0,73 долари во истиот период оваа година.

Тесла испорача 422.875 возила ширум светот во првиот квартал од 2023 година, додека произведе 440.808 автомобили.

Во овој период, производството на возила на компанијата е зголемено за 44 отсто на годишно ниво, а бројот на испорачани возила е зголемен за 36 отсто.