Најсексапилната баба на Балканот ја откри тајната на совршениот изглед што ја користи со години: „Не ми е сеедно“

Неда Украден за српските медиуми се потсети на периодот од животот кога била бремена и откри што прави за да изгледа толку добро и на 73 години.

Пејачката Неда Украден за Blic.rs се присети на денот кога се подготвувала да стане мајка.

“Бев трудница која одлично ја поднесуваше бременоста. Јадев се што ми требаше, протеини и јадев ужасно многу салати. Не знам како се здебелив толку од таа риба и салата. Имав 52 килограми кога останав бремена и 74 пред да се породам. Но сакав да избегнам само едно: Не сакав да изгледам како очајна трудница“, открила таа.

Рекла дека и денес внимава на исхраната и редовно вежба, па ова е тајната на нејзиниот добар изглед. 

Објаснила и како постојано е на пат, па не може секогаш да следи се, но среќна е што не пуши, не пие и никогаш не се прејадува.

„Ниту еден човек не може да води уреден живот кога е на пат седум или осум часа, но во секој случај се трудам да водам здрава исхрана. Кога сум дома, сама си подготвувам храна. Обожавам да готвам и не ми е сеедно што јадам“, рекла пејачката

Неда смета дека за добра кариера потребна е само среќа, за која мора да се бори.

„На луѓето денес ништо не им се дава, а други ја почнаа кариерата во кафеани и таму ќе завршат, а реално можеа и многу повеќе. Очигледно тогаш беа задоволни. Не е во ред јас да судам и да давам совети. Некој само сака топлина дома, а кариерата ја препушта на некој како мене кој цел живот е на тркала“, заклучила таа.

Инаку, Неда гордо ја носи ласкавата титула на една од најубавите и е инспирација за помладите колешки.