Вака изгледаа теретаните во кои жените вежбаа во 1960-тите (Видео)

Денес мажите и жените вежбаат на исти простори без проблеми и вежбаат релативно слични тренинзи, но порано имало теретани специјализирани само за жени.

Вежбањето во доцните 1960-ти беше главно фокусирано на одржување на фигурата и зголемување на флексибилноста. Доминираа вежбите за тонирање на нозете, зајакнување на трупот и рацете. Имаше и сквотови со свиткани колена, балетски позиции и разни варијации на стомачни.

Особено е интересно да се обрне внимание на облеката во која вежбале дамите во 60-тите години на минатиот век. Беше можно да се вежба во елегантни здолништа, кошули, па дури и – штикли. А фризурите, ќе забележите, биле тип-топ.