Ликот на Јосип Броз Тито е добро познат, не само на жителите на поранешна СФР Југославија, туку и на нашите помлади генерации.
Но, кога го спомнуваме доживотниот претседател на СФРЈ, обично во мислите имаме слика од поранешните времиња или најрано од времето на Втората светска војна, кога тој беше водач на југословенските партизани.
На следната фотографија можете да видите како Броз изгледал како политички затвореник во 1928 година.
Броз во периодот пред војната се борел за работничките права, учествувал во организирање штрајкови и станал член на КПЈ, поради што имал проблеми со властите.
Во февруари 1928 година, Броз беше еден од 32-та делегати на хрватскиот огранок на КПЈ на главната конференција на КПЈ. За време на конференцијата Броз ги осуди фракциите во партијата. Меѓу нив имаше и оние кои се залагаа за Голема Србија во рамките на Југославија, како што е долгогодишниот лидер на КПЈ, Србинот Сима Марковиќ. Броз, исто така, предложи извршниот одбор на Комунистичката интернационала да ја исчисти гранката на фракционерството, а тој имаше поддршка од делегатите од Москва. Откако беше предложено да се разреши целиот Централен комитет на хрватскиот огранок, беше избран нов ЦК со Броз за нов генерален секретар.
Броз успеал да организира немири на конференцијата на Социјалдемократската партија и на многу други места на 1 мај истата година, по што бил уапсен. По апсењето бил затворен 14 дена, а потоа ослободен, по што се вратил на претходните активности. На крајот на јуни 1928 година, тој ги предводеше антирежимските демонстрации по повод убиството на водачите на ХСС во Народното собрание на Кралството СХС.
Повторно бил уапсен во август истата година, како потенцијален комунистички терорист, по претресот на станот во кој биле пронајдени пиштоли, рачни бомби и муниција без дозвола. По ова апсење, бил малтретиран и задржан во притвор три месеци пред да му се суди во ноември 1928 година за незаконски комунистички активности, кога од Државниот заштитен суд бил осуден на 5 години затвор, кои ги одлежал во Лепоглава и Марибор. Ова судење остана познато како ,,бомбашки процес”.