Вака изгледаше Јелена на првото финале на Новак: Кадар од минатото ја покажува природната убавина на сопругата на Ноле (фото)

Јелена Ѓоковиќ каде и да се појави го привлекува вниманието на јавноста, а со изборот на вистинските модни комбинации го изгради својот препознатлив и непогрешлив стил.

Таа со години добиваше одлични критики за нејзината облека и стана многу забележлива во боксовите на тенискиот терен. Иако е „наша балканска модна икона“, слободно можеме да кажеме дека стана една од најстилските дами во тенискиот свет кога се во прашање сопругите на играчите.

На последното финале на Новак на УС Опен, ја видовме во прекрасен фустан со природен изглед, а се сеќавате ли како изгледаше во финалето кога Новак ја освои својата прва титула?

Тоа беше во 2006 година во Холандија на АТП турнирот во Амерсфорт. Од ложата го следеа неговата тогашна девојка, денешната сопруга Јелена и тренерот Марјан Вајда.

Јелена Ристиќ, како што беше нејзиното моминско име, која тогаш имаше 20 години, носеше обична розова маица и фармерки ж. Носеше и ланче и секако уште тогаш го претстави природниот изглед на кој му е верна со години.

Она што не се промени е нејзината насмевка. Таа со нетрпение ја очекува секоја победа на Новак, и првата и секоја наредна, и му дава ,,ветер во грб.”

Бидејќи таа има природна убабина и е со него од почетокот на неговата кариера, не е изненадување што го освои неговото срце.