Се оженил со 7 жени, меѓу кои и две сестри: Уганѓанин направил сè во ист ден, им се заблагодарил на невестите, а еве дали се љубоморни (видео)

Маж од Уганда, Салонго Нсиконне Хабиб Сезигу, се ожени со седум жени во неделата, меѓу кои и две сестри. Салонго, кој се занимава со традиционални методи на исцелување, истиот ден на свечена церемонија се венчал со седум девојки од селото Бугарека.

Нивните имиња се Маријам, Мадина, Ајша, Заинаба, Фатума, Рашида и Мусанијуса, а младоженецот во својот говор по церемонијата им се заблагодарил на невестите за нивната лојалност.

“Меѓу моите сопруги нема љубомора. Решив да се оженаж со сите за да бидеме едно големо среќно семејство”, рекол среќниот младоженец и додал дека има намера да се ожени со уште други жени.

,,Сè уште сум млад човек и во блиска иднина, дај Боже, планирам да оженам уште други млади девојки, не можам да кажам дека ќе застанам тука“, рече тој.

Патем, семејството на Салонг практикува полигамија. Неговиот дедо имал шест жени, додека неговиот татко има четири жени кои исто така живеат со него во истиот дом.