Го украл авионот и го оставил на плажа? Човек обвинет за необична кражба, а она што се случи на рочиштето ги остави сите во страв

Луиз Густаво Аирес беше обвинет за кражба на авионот и е задржан во притвор со кауција од 10.000 долари.

Во вторникот Луиз Густаво Аирес (50) беше обвинет дека украл мал  авион од аеродром во близина на Сан Франциско. Луис наводно го украл авионот, а потоа го оставил на плажата во „Half Moon Bay“.

Обвинетиот се изјасни за невин на рочиштето, кое доби неочекуван пресврт кога тој побара да се застапува.

Судијата го одби барањето, пресудувајќи дека тој не е квалификуван да се претставува како свој адвокат .

Аирес е притворен со кауција од 10.000 долари.

Обвиненијата доаѓаат помалку од една недела откако властите во четвртокот добија извештај за слетување на мал авион во близина или на плажа во заливот Халф Мун, мал крајбрежен град во Калифорнија јужно од Сан Франциско.

Кога полицајците пристигнале во областа, го нашле едномоторниот авион наопаку, но неоштетен и празен.

Тие набрзо пронајдоа и приведоа 50-годишен маж од Мајами, кој одговараше на описот на лицето што се гледа како се оддалечува од авионот.

Тој, исто така, се соочува со три прекршочни пријави за поседување туѓа идентификација, откако властите во неговата чанта пронајдоа кредитни картички и документи за идентификација на три други лица, според Хина.