Соопштение на Тејлор Свифт: Откако девојката од публиката ненадејно почина, го откажа вториот концерт

Глобално популарната пејачка Тејлор Свифт го одложи својот втор концерт во Рио де Жанеиро.

Таа одлука ја донела откако на нејзиниот прв концерт се случила трагедија, кога еден обожавател починал додека чекал во толпата.

Ѕвездата се огласи преку Инстаграм, а во објавата напиша:

-Ова го пишувам од соблекувалната на стадионот. Донесовме одлука да го одложиме вечерашното шоу поради екстремните горештини во Рио. Безбедноста на моите обожаватели, изведувачи и персонал мора да биде и отсекогаш била врвен приоритет“, напиша Свифт во објавата.Тејлор Свифт

Да потсетиме, на концертот на Тејлор Свифт во Рио Де Жанеиро се случи вистинска драма кога ненадејно почина 23-годишната девојка Ана Клара Беневидес .

Трагедијата се случи во петокот на 17.11. во вечерните часови, на стадионот „Естадио Олимпико Нилтон Сантос“, а се сомнева дека е срцев удар и меѓу другото се наведува дека температурата на преполниот концерт била близу 40 степени Целзиусови.

Во извештајот се вели дека лекарите се обиделе да ја оживеат откако ја префрлиле во локална болница, но напорите биле залудни.

Поради високата температура на стадионот, Тејлор Свифт побара од персоналот да им даде вода на луѓето кои доаѓаат на концертот на влезот. Обожавателите објавија видео од концертот каде пејачката фрла шишиња со вода во толпата.

Во следната изјава, пејачката рече дека Ана Клара починала пред почетокот на програмата.