Вака изгледа момчето по кое роневме солзи сите: Годините донесоа неверојатна трансформација (ФОТО)

Џејкоб Трембли беше една од главните ѕвезди на премиерата на неговиот нов филм „Малата сирена“ во Холивуд, каде што се појави по долго време.

Детската ѕвезда Џејкоб Трембли порасна и многумина остави без зборови кога се појави на црвениот тепих на премиерата на „Малата сирена“ бидејќи сега изгледа сосема поинаку.

До премиерата на ,,Малата сирена” го немавме видено 16-годишниот Џејкоб, но тој кариерата ја започна кога беше само мало дете. Се појави во голем број реклами, а на седум години дебитираше во филмот „Штрумфови 2“. Оттогаш, тој глумеше и во голем број познати филмови вклучувајќи ги „Собата со Бри Ларсон“ од 2015 година и „Чудото со Џулија Робертс и Овен Вилсон“ од 2017 година, а неодамна и’ го позајми гласот на Фландрија (го сингронизира) во претстојниот римејк на Малата сирена.

Но, кога се појави после долго време, на многумина не им се веруваше колку се промени откако за првпат стапна на сцената како дете.

Некој ја имаше споделено неговата најнова фотографија на Твитер покрај една од времето кога тој беше момче и сите беа шокирани од неговата трансформација.

„Не ми се верува дека ова е истото момче од ,,Соба“”, „Се сеќавам кога беше бебе. Сега изгледа многу слатко“, „Сега ги разбирам родителите кога велат дека децата брзо растат“, „Мислев дека засекогаш ќе остане таков, не знам зошто“, се дел од коментарите.

Практично од самиот почеток на својата кариера, Џејкоб ги освои срцата на милиони ширум светот благодарение на неговите импресивни актерски способности, како и неговиот шарм. Брзо оствари низа импресивни познанства со познати личности како Леонардо ди Каприо, Силвестер Сталоне, Џенифер Лоренц, Дејзи Ридли, Крис Рок, Оскар Ајзак и Крис Еванс.

Многумина се сеќаваат и на неговото појавување на Оскарите во 2018 година, кога му требаше кутија на сцената за да се качи за да стигне до микрофонот.

Слична ситуација имаше и на Choice Awards во 2016 година, кога актерот Бредли Џејмс мораше да го држи микрофонот за него откако ја освои наградата за најдобар млад актер за улогата во филмот „Соба“.