“ВАКА ИЗГЛЕДА ПЕКОЛОТ НА ЗЕМЈАТА!“ – Страшни сцени од Запорожје: Еве како руска ракета удри во станбена зграда! (видео)

Украинските власти објавија видео-снимка од експлозија на зграда во Запорожје за време на, како што наведуваат, руски ракетен напад.

На објавеното видео од безбедносните камери се гледа моментот кога проектилот ја погодил зградата.

Две згради се тешко оштетени, а неколку станови се целосно уништени.

Кога го анализирате видеото подетално, можете да го видите моментот кога ракетата удира во самата зграда. Засега не е познато за каков тип на ракета се работи.

Украинците тврдат дека Русите користат модифицирани ракети од системот за против-воздушна одбрана S-300, но има и такви кои тврдат дека се работи за ракета од повеќецевниот ракетен систем BM-27.

Се уште не е познат бројот на загинати и повредени за време на овој брутален напад.