Вака малиот психопат го поминува времето на Психијатрија! Деноноќно на сила се строги мерки, само тие го гледаат! (ФОТО)
Момчето-убиец (14) кое уби девет врсници и чувар, во психијатриската установа каде што престојува е под надзор 24 часа!
Ученикот кој го изврши грозоморниот масакр нема информации од надворешниот свет и е во комуникација само со неколку експерти, психолози и психијатри, како и со припадници на полицијата кои се задолжени да го следат дење и ноќе.
-Од првиот ден кога беше сместен на клиниката е во некаква строга изолација, практично останува во притворски услови иако се работи за болница. Нема контакт со другите деца кои се сместени таму, ниту пак може доброволно да ја напушти просторијата која не е на влезот, туку длабоко во детската зграда – опишува соговорник на српски Курир.
Собата на момчето убиец, додава тој, нема телевизор, ниту компјутер, а на располагање има и бања.
– Од првиот момент кога беше сместен во психијатриска установа за деца, полицајците го набљудуваат. Деноноќно се распоредени во болницата, но и пред влезот на самата клиника. Се грижат никој да не му пријде на овој пациент, па се воведува строга контрола на оние кои влегуваат – открива соговорникот.
Како што вели, првата средба на момчето убиецот со мајка му била на 18 јули, пред неговото сослушување преку видео врска како сведок во истрагата против неговиот татко, била строго контролирана.
– Никој не може ненајавено да влезе во клиниката, ниту да прима посетители. Дури и стручниот штаб кој беше назначен да разговара со него доби строго предупредување за тоа што не смеат да му кажат и дека разговорите што ги водат со него се строга тајна – објаснува тој.
Лични работи, му ги носи роднина, која не може да го види.
– Пакетите се оставаат на уписникот, потоа се прегледуваат, па дури потоа се доставуваат до момчето масовен убиец.
Персоналот му дава и болничка храна, односно редовни оброци – додава тој.
Да потсетиме, момчето убиец е сместено во психијатриска установа со согласност на неговата мајка. Мајката може во секое време да ја повлече согласноста, но тоа не би значело дека тој ќе биде пуштен од болница.
– Во случај мајката да ја повлече согласноста за негово сместување во оваа затворена установа, се води постапка според која тим од стручни лица, психијатри и психолози би дале свој наод и мислење, а потоа судијата би донел одлука дали останува на клиниката или ја напушта – објасни соговорникот.
Инаку, српското МВР денеска ги демантираше шпекулациите дека момчето убиец се обидело да побегне од клиниката.
– Нагласуваме дека малолетникот е под 24-часовен полициски надзор, што значи дека секаква можност за бегство е целосно невозможна – се наведува во соопштението.