Вака не сме го виделе Мило Ѓукановиќ: Еве што прави поранешниот црногорски претседател во пензија! (фото/видео)

Мило Ѓукановиќ, неодамнешниот претседател на Црна Гора, очигледно се помири со фактот дека по 30 години не е на власт – ниту тој ниту неговата ДПЦ бидејќи на претседателските избори беше поразен од Јаков Милатовиќ.

Ѓукановиќ деновите во политичка пензија ги поминува забавувајќи се, уживајќи на плажите на луксузните црногорски хотели.

A освен што знае дека ужива во сончањето и пливањето, на Ѓукановиќ не му е непознатo и пеењето. Така, на социјалната мрежа „Х“ се појави видео на кое тој со чаша во рака го пее познатиот хит на покојниот пејач Луис „Слике у оку“.

Мило пееше „Доста е, кажи ми драга не можам без тебе“, а снимката доби бројни позитивни и хумористични коментари од следбениците.