Вака прават нашите баби: Ако пешкирите ви станаа груби, ставете малку од овој евтин пијалок во машината и ќе бидат меки како плиш!

Заборавете на скапите омекнувачи, ставете чај од едно растение во вашата вода и ќе бидат меки како пердув и ќе мирисаат фантастично!

Со текот на времето, пешкирите стануваат груби од употреба. Нема причина да користите скапи омекнувачи, применете го овој трик кој искусните домаќинки го користеле уште од античко време. Тие смислиле различни начини како да го заштедат и искористат она што го имаат во куќата. Така откриле дека еден чај може да ги омекне фротивите и ќебињата. Пробајте,  ќе биде меко како пердув.

Иако чајот од камилица е најпознат како смирувачки пијалок, тој е одлично решение кога крпите ќе станат груби. Потребно е да сварите еден литар вода и во него да ставите грст сушен чај од камилица или една кесичка од овој чај. Кога целосно ќе се излади, процедете ја течноста и истурете ја во леген, а потоа натопете ги чистите крпи кои станале груби. Оставете да отстои 15 минути, исцедете го и развлечете го да се исушат.