Вака реагираше Драгана кога дозна дека Тони има нова девојка: „Особено беше тешко во декември“

Пејачката Драгана Мирковиќ се разведува по 24 години хармоничен брак, од Тони Бијелиќ, кој според пишувањата на српски Телеграф има нова девојка.

Имено, Телеграф добил информација како Драгана реагирала откако дознала дека Тони по раскинувањето има нова девојка.

– Претходниот период не и’ беше воопшто лесен, бидејќи покрај деловните обврски имаше и силни турбуленции во приватниот живот. Приказните за Тони и неговата нова девојка стигнале до Драгна преку обичните луѓе, но таа избегнувала да ги слуша. Драгана во последните месеци дури и избегнуваше да го спомнува – изјавил изворот за Телеграф.

Посебно тежок период за целото семејство се случи на крајот на минатата година, кога почина мајката на Бијелиќ.

-Посебно тежок период следеше во декември кога почина мајката на Тони, Драгана многу ја сакаше таа жена, а сето тоа и’ беше уште потешко поради нарушената врска. На крајот сепак решила сè да сподели со јавноста – рекол изворот.

Да ​​потсетиме иако беа во хармоничен брак повеќе од две децении и дадоа пример со својата љубов, па дури и се појавуваа заедно на секој настан – последниве месеци тие ги прекинаа речиси сите контакти

Она што многумина го забележаа, Драгана наместо Тони, речиси секаде ја возеше синот Марко или блиски соработници. Со Мирковиќ повеќе не се појавиле ниту сопругот, ниту семејниот возач кој работел кај нив.