Вака се однесува маж кој не ја сака својата жена: Зборовите на руски психолог погодија многу жени право во срце
Ана Кирјанова е руски филозоф, психолог и писателка чии дела секојдневно се преведуваат на сите светски јазици. Од 1990 година, таа се занимава со човечката душа и ги споделува своите набљудувања во својата авторска емисија на руската телевизија.
Еден од нејзините најпознати текстови е оној кој зборува за тоа како да препознаеме маж кој не ја сака својата жена, а ние ви го преносуваме во целост:
„Не те сака ако: не те прегрнува спонтано, не ти зборува за ситници, не ти се јавува да види како си сред работен ден…
Не те сака ако: не можеш да сметаш на неговата помош, кога треба да се грижиш за него како да е петгодишно дете, а не четириесет и петгодишен маж.
Не те сака: кога те исмева. Кога тој не те забележува тебе, твојот труд и работа. Кога ќе ви каже дека јадете многу или дека не може да ја јаде вашата храна затоа што не е како што бил навикнат.
Не те сака кога постојано се меша во тоа што го правиш, кога ти кажува дека зборуваш глупости, дека не мислиш со своја глава и дека си глупава кога размислуваш со своја глава ..
Не те сака кога ти вели: ти си крива. Не те сака кога не обрнува внимание на работите што ги правиш или кажуваш. Не те сака, затоа што за секое „те сакам“ треба да го молиш.
Жената која не ја сака нејзиниот сопруг на крајот станува грда, скршена, плашлива, несмасна – затоа што само недостатокот на љубов може да и’ го направи тоа.