Вака Јокиќ ја испиша историјата! Погледнете ги сите неверојатни потези од натпреварот против Мемфис (видео)
Денвер Нагетс победија против Мемфис Гризлис со резултат 117:109 и забележаа исклучително важна победа во трката за плеј-офот на Западот. Сепак, вечерта уште еднаш ја одбележа Никола Јокиќ, кој ја испиша историјата на НБА!
Српскиот ас и на овој меч оствари трипл-дабл, со што стана само третиот играч во историјата на НБА кој сезоната ја завршил со трипл-дабл просек ! Пред него тоа го направија само Оскар Робертсон и Расел Вестбрук а сега е во кошаркарската вечност.
На мечот против Гризлис, Јокиќ уште еднаш ја покажа сета своја генијалност. Го контролираше ритамот на игра, мајсторски играше со соиграчите, погодуваше во клучните моменти и го затвора рекетот како вистински лидер под кошот. На сето тоа додаде и неколку асистенции кои ретко се гледаат на паркетот во НБА.
Кога беше најпотребно, во вториот дел Јокиќ го стегна ритамот и практично ја прекина играта.
Ова е сезона за паметење, а Јокиќ – МВП, лидер и уметник на теренот, па погледнете ги најдобрите потези на Никола Јокиќ од овој меч: