Манчестер Јунајтед вчера официјално објави дека ќе изгради нов стадион на местото на култниот Олд Трафорд, а се појавија и нови фотографии кои откриваат како ќе изгледа новиот стадион.

Познатиот инсајдер Фабрицио Романо објави неколку фотографии и снимки од планираниот изглед на новиот стадион и сето тоа изгледа навистина импресивно.
Јунајтед вчера потврди дека стадионот ќе има капацитет од неверојатни 100.000 седишта, а за неговата изградба ќе бидат потрошени две милијарди евра.
Еден од сопствениците на клубот, Џим Ретклиф, потврди дека го сака „најголемиот фудбалски стадион во светот“, а клубот се надева дека ќе биде завршен за пет години.
Објавен е и видео клип во кој е претставен изгледот на новиот стадион, кој можете да го погледнете во продолжение.
Од клубот најавија дека целиот проект ќе има потенцијал за нови 92.000 вработувања. Ќе вклучи и изградба на 17.000 домови и ќе донесе 1,8 милиони нови посетители во областа годишно.

„Олд Трафорд“ не е реновиран од 2006 година, а во последните години беше мета на критики за протекување. Неодамна светот беше шокиран откако беа објавени снимки од глувци и стаорци на стадионот.