“ВАКВО НЕШТО НЕ СМЕ ВИДЕЛЕ ДОСЕГА!“ – Докторите во Белград извадиле тумор од 25 килограми од 22-годишна девојка
Директорот на гинеколошката клиника во Белград, проф. д-р. Александар Стефановиќ и анестезиологот д-р. Жана Ивковиќ за Blic.rs ги кажаа деталите за големиот успех на докторскиот тим, кој на 22-годишна девојка успеа да отстрани тумор со почетен дијаметар од околу 70 сантиметри. Туморската маса тежела дури 25 килограми.
Според директорот, девојката од болница од внатрешноста на Србија била испратена во Белград поради тешка клиничка слика. Покрај големата туморска маса и појавата на сепса, таа била позитивна и на Ковид-19.
Анестезиологот д-р. Жана Ивковиќ истакнала дека целиот тим анестезиолози морал да го менаџира овој случај.
„Примена е со симптоми на сепса, загрозени се сите витални органи. Морам да нагласам дека се работи за многу млада и екстремно здебелена девојка, која девет дена имала симптоми на Ковид-19. За кратко време беа направени сите тестови и таа беше подготвена за операција“, изјавила д-р. Жана Ивковиќ.
Професорот д-р. Александар Стевановиќ рекол дека тоа е еден од најголемите тумори што некогаш ги видел.
„Со вакви тумори се среќаваме, но не многу често. Ме повика доктор од Сремска Митровица, кој беше малку исплашен поради состојбата на пациентот. Ние сме гинеколози кои се занимаваме со хирургија, цел тим стои зад тоа“, изјавил д-р. Александар Стевановиќ.
Тој истакнал дека се внимавало да се зачуваат репродуктивните органи на девојчето од кое е отстранет огромен тумор.
„Направивме огромен рез. Не можевме да го отстраниме туморот бидејќи беше толку голем. Дури 25 килограми и околу 70 сантиметри е еден од најголемите тумори што сум ги видел. Туморот ги притискаше сите органи, а го зафатил и левиот јајник. Моравме да извадиме се од тој лев јајник. Матката и десниот јајник се недопрени“, изјавил д-р. Александар Стевановиќ.
На прашањето како девојката не забележала дека има нешто толку големо во стомакот, таа одговорила дека само почувствувала дека има нешто „тврдо“.
„Потребно е долго време за да порасне таков тумор. Започнала и сепса, тоа сигурно лошо ќе завршеше“, изјавил д-р. Александар Стевановиќ.
Операцијата траела три часа, додал д-р. Александар Стевановиќ, а хирурзите прво морале да пробијат повеќе од 10 литри вода од туморот, за на крајот, покрај големиот рез, да го отстранат и цврстиот дел од тумор, чија почетна големина била околу 70 сантиметри и вкупна тежина од 25 килограми.
Според анестезиологот Жана Ивковиќ, пациентката успешно била разбудена од анестезија и таа продолжува да закрепнува.