Ваков никогаш не сте го виделе! Видеото кое го обиколи светот: Експлозоја од емоции на Никола Јокиќ! (ВИДЕО)

Додека беше надвор од игра, Јокиќ беше крајно емотивен следејќи ги случувањата на теренот.

Во четвртиот меч од финалната серија на НБА, Нагетс на гостински терен го победија Мајами со резултат 108:95, поведоа со 3:1 во серијата, а сега се на само еден триумф до историски успех – освојување на шампионската титула.

Заедно со Јокиќ, кој мечот го заврши со 23 поени и 12 скока, еден од јунаците на триумфот беше Брус Браун, кој блескаше во последниот дел од мечот.

Јокиќ имаше проблеми со лични грешки, па добар дел од последниот дел го мина на клупата за резерви. Во тие моменти улогата на лидер на теренот ја презеде расположениот Браун, кој со кошевите го совлада Мајами.

Јокиќ, кој важи за мирно и сталожено момче, беше на нозе и покрај теренот, а неговата емотивна реакција по исклучително важната тројка на Браун стана вирален хит. По лудата тројка на Браун, Јокиќ „експлодира“ – скока на страната на теренот удирајќи со пешкирот на подот…

Погледнете како тоа изгледаше:

Интересно, на прес-конференцијата по натпреварот, Никола откри што му поминало низ глава кога Браун го извел овој исклучително тежок удар.

„Кога направи чекор назад сакав да го удрам. Но, кога постигна кош, бев многу среќен“, рече Никола со насмевка.