Валенсија „гори“ и причината е неверојатна: Погледнете како Шпанците традиционално ја чекаат пролетта
Со палење на скулптури во Валенсија завршува традиционалниот фестивал за доаѓањето на пролетта.
Секој град и земја има свои обичаи и затоа Шпанците со радост ја очекуваат пролетта, пишува elpais .
Во градот Валенсија се одржува традиционалниот фестивал „Ла Фалас“ на кој за овој ден се палат скулптурите на уметниците кои ги создале во текот на претходната година.
И во текот на минатата вечер и денеска продолжи палењето на креациите на шпанските уметници.
Сепак, градоначалничката на шпанскиот град, Марија Хозе Катала, изјави дека „мора да почнеме да применуваме цврста рака против нецивилизацијата и да применуваме максимални казни за оние кои не ја почитуваат употребата на пиротехнички средства.
Парковите, цветните градини и монументалните средини годинава претрпеа големи штети како последица на големиот број учесници и вандализам.
Инаку, Шпанија е една од многуте земји во светот кои го слават доаѓањето на пролетта.