Ванда Нара случајно ги покажа голите гради: Сакаше да сподели фотографија од својот оброк, но направи „голема грешка“ (фото)

Иако Ванда Нара (38) сакаше само да сподели фотографија од својот оброк, нејзината објава на Инстаграм предизвика вистинска бура на социјалните мрежи поради „случајната грешка“ во која ги откри голите гради!

Имено, под сликата на нејзините синови во друштво на пријатели, кои пијат кока-кола и јадат брза храна, случајно била прикажана фотографија од нејзините голи гради.

Нара, која веќе неколку месеци е во медиумски конфликт со сопругот Мауро Икарди (32), јавно напаѓајќи го по нивното раскинување во јули, не објави само редовна фотографија на Инстаграм, туку направи скриншот од фотогалеријата на мобилниот телефон.

Ова се покажа како лоша идеја, бидејќи уредите на Apple прикажуваат слики во мал формат во гледачот на галеријата, што им овозможи на нејзините следбеници да го видат моментот кога Нара ја подигна кошулата и ги покажа градите.

Иако таа веднаш ја отстрани оваа објава, веќе беше предоцна. Нејзиниот Инстаграм профил има 17,5 милиони следбеници, па не е чудно што грешката брзо беше откриена и стана вирална. Фотографијата со „голиот кадар“ cè уште се споделува на социјалните мрежи.