Вархеји му честита на Мицкоски за новата Влада: Очекувам да соработуваме за унапредување на европскиот пат на земјата
Европскиот комесар за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји, упати честитка до премиерот Христијан Мицкоски по повод изборот на новата Влада.
Тој на социјалните мрежи пишува дека очекува соработка со новата Влада за унапредување на европскиот пат на државата.
„Честитки до премиерот Мицкоски и членовите на новата Влада! Со нетрпение очекувам да работам со вас брзо за да го унапредиме европскиот пат на Северна Македонија“, напиша Вархеји во честитката објавена во X.
Новата влада на премиерот Мицкоски беше избрана синоќа со 77 гласа „за“ и 22 „против“. За гласаа пратениците од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, „ВЛЕН“ и од Движењето „ЗНАМ“, а против беа СДСМ и „ЛЕВИЦА“. Пратениците на Европскиот фронт предводен од ДУИ ја напуштија седницата пред гласањето.