Вашингтон призна дека одобрил Украина да го користи американското оружје за напади на руска територија
– Соединетите Американски Држави (САД) денес признаа дека го одобриле барањето на Украина за употреба на оружјето доставено од САД за изведување напади на руска територија.
„Во текот на изминатите неколку недели, Украина побара од нас дозвола да го користи оружјето што и го даваме за одбрана од оваа агресија, и против руските сили кои се собираат на руската страна од границата, а потоа напаѓаат во Украина. Тоа дојде директно до претседателот. И, како што слушнавте, тој ја одобри употребата на нашето оружје за таа цел“, рече државниот секретар Ентони Блинкен на прес-конференција во Прага, по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.