Вајц: Добив закани со смрт од бугарски екстремисти поради извештајот на ЕП за Македонија

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, во интервју за „Канал 5“ изјави дека бил предмет на остри напади поради извештајот за РСМ, велејќи дека е задоволен од извештајот за напредокот на земјата што беше презентиран пред ЕП минатата недела.

Според Вајц, заканите по неговиот живот продолжиле дури и откако извештајот бил гласан минатата недела.

„Да, бев под силен напад, имаше цела кампања за клевета против мене. Ме нарекоа пристрасен, ме обвинија дека сум водел повеќе разговори со Северна Македонија отколку со Бугарија… ме обвинија дека сум корумпиран, го споделија мојот телефонски број во крајно десничарски групи на Телеграм. Добивав закани со смрт и секакви закани, а ова продолжи дури и по гласањето. За жал, ова ескалираше целосно во Бугарија“, вели Вајц.