Гледаме многу странско влијание во Македонија. Мораме да се бориме против него, без разлика дали е српско, кинеско или руско.
Ова го изјави известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, во Стразбур, објави БГНЕС. За неговиот извештај ќе се гласа на 9 јули.
Тој нагласи дека извештајот го содржи условот за измена на Уставот и поточно, вклучувањето на Бугарите во него, според медиумските написи.
„Извештајот ги истакнува говорот на омраза, потребата од владеење на правото и борбата против корупцијата“, вели Вајц, повикувајќи на слобода на медиумите и јасна одговорност за нивната сопственост.
Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос, од своја страна, изјави дека „единствениот пат напред – пред сè – е промена на Уставот“.
Таа го повика Скопје да ги почитува основните права, слободата на изразување и слободата на медиумите.