Вања убиена на свиреп начин! Злосторството се расплетува – Добро го знаеле влезот од зградата, го користеле автомобилот на убиениот фризер
Скопјанецот Љупчо П, кој, според медиумите е осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, го познавал ликвидираниот фризер од Велес поради наводниот заеднички бизнис со ископ на злато.
Според извори, Љупчo П. на 22 ноември го киднапирал Панче, го убил , а потоа ја киднапирал Вања Ѓорчевска во возилото на убиениот.
Вања бил киднапиранa на влезот од зградата, кој главниот осомничен добро го познавал, но и целата област.
Мотивот за киднапирањето е наводно личен интерес и изнуда на пари и други материјални средства.
Киднапираната Вања била застрелана со пиштол во 10 часот истиот ден кога била и киднапирана.
Истиот ден, на 27-ми, полицијата пронашла опожарен Цитроен, возилото на велешанецот Панче Жежовски во атар на село Бразда во близина на Велес.
Нејзиното тело е вчера во близина на Велес. Помагачи имал осомничениот Љупчо П.- наводно биле неговиот возач и уште три лица.