“ВЕДНАШ НАПУШТЕТЕ ЈА ТЕРИТОРИЈАТА!“ – Предупредувањето од Саудиска Арабија не ветува добро: Се отвара ли ново воено жариште !?

Саудиска Арабија ги повика своите граѓани да избегнуваат патување во Либан, а оние кои се веќе таму веднаш да ја напуштат земјата, наведуваат странските медиуми.

Амбасадата на оваа земја во Либан наведува дека внимателно ги следи настаните на југот на Либан и ги повикува своите граѓани да ја почитуваат забраната и оние кои моментално се таму веднаш да ја напуштат територијата на Либан.

По минатонеделните напади на Хамас врз Израел, дојде до размена на прекуграничен оган бидејќи палестинските ракети истрелани од Либан резултираа со израелски одговор против Хезболах.

Убиени се најмалку 10 членови на Хезболах.

Неколку други земји ги повикаа своите граѓани да не патуваат во Либан во наредните денови, вклучително и САД.