ВЕДНАШ ‘полета’ да ја види – Се запознале на неочекуван начин: Оваа позната убавица го освои срцето на Карлос Алкараз?

Се шпекулира дека најдобриот тенисер на светот Карлос Алкараз има нова девојка.

Тенисерот број еден во светот, Карлос Алкараз, неодамна го освои својот втор Грен слем победувајќи го српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон .

А изгледа дека Карлос освен во кариерата е успешен и во љубовта, а од неодамна има и нова девојка.

Шпанскиот тенисер се обидува да го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста, но претходно се шпекулираше дека е во врска со тенисерката Марија Гонзалес Хименез и дека таа е негов најголем поддржувач.

Двојката никогаш не ја потврди врската, но беше очигледно дека меѓу нив има зовриена емоција.

Сепак, двајцата ја прекинаа врската во 2021 година, а оттогаш тој беше поврзуван со бројни дами, за што Карлос не коментираше.

Сепак, неодамна шпанските медиуми објавија дека Карлос има нова љубов.

Станува збор за 21-годишната Лола Мирандел , француска тенисерка на која многумина и предвидуваат блескава кариера.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Карлос и Лола се запознале преку Инстаграм, а како што изјавиле извори за магазинот Socialite  , Карлос отпатувал за Ница откако го освоил Вимблдон поради неа.

– Да, тие разговараат и овој турнир во Ница би бил прв пат да се сретнат. Затоа Алкараз решил наместо на одмор да оди во Ница, по победата на Вимблдон – зборовите на неименуван извор, објави  marie-claire.es .

Според странските медиуми, Карлос и Лола се виделе неколку пати во последните десет дена.

Карлос Алкараз во една прилика изјави дека не го интересираат краткотрајните врски и дека сака да го најде својот мирен рај, па мораме да видиме дали Лола Мирандел е „вистинската“.

Покрај тениската кариера, Лола Мирандел гради и кариера како инфлуенсерка и би се рекло дека не и оди лошо со оглед на тоа што моментално има 109.000 следбеници.