Работите се менуваат: ПСЖ сега се ‘моли’ Реал Мадрид да го купи Мбапе!

Според „Ле Паризиен“, ПСЖ се надева дека Реал Мадрид ова лето ќе тропне на нивната врата и ќе го побара Килијан Мбапе.

ПСЖ се наоѓа во тешка позиција, ризикува да го загуби Килијан Мбапе беспари доколку тој не сака да си замине од клубот ова лето.

Ставот на Мбапе е дека сака да ја одработи и следната сезона, а потоа да замине како слободен играч.

При едно такво сценарио, ПСЖ ќе му исплати на напаѓачот 150 милиони евра, од кои 60 милиони плата и 90 милиони бонус за лојалност, а потоа тој беспари ќе ги напушти.

Ситуацијата во ПСЖ е толку очајна, што според „Ла Паризиен“, во клубот се молат Реал Мадрид да достави понуда за Мбапе ова лето како би заработиле од заминувањето на напаѓачот.

Но, барем засега Флорентино Перез само ја следи ситуацијата во ПСЖ и нема намера да достави понуда. Некои сметаат дека тој веќе има договор со Мбапе, напаѓачот следното лето да пристигне на Бернабеу како слободен играч.