„ВЕДНАШ ЌЕ СЕ НАЈДЕМЕ ВО ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА“ Орбан за конфликтот меѓу Москва и Киев: Невозможно е Украина да победи, немаат шанси

Западното мислење дека Украина има предност во конфликтот е лага, а Русија е невозможно да се победи, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во интервју за американскиот ТВ-новинар Такер Карлсон, Орбан рече дека Украинците се „неконкурентни“ без помошта на Западот и дека затоа САД го имаат клучот за мирот во регионот.

-Тоа е лага. Не само недоразбирање, туку лага. Невозможно е. Сите во политиката кои разбираат логика, бројки, податоци – немаат шанси – одговори Орбан коментирајќи го преовладувачкиот став во Соединетите Американски Држави дека Украина победува.

– Ќе останат без војници пред Русија – додаде тој.

Според Карлсон, бројот на убиените Украинци е стотици илјади, а Орбан додаде дека меѓу нив има и етнички Унгарци.

Обидот на која било западна земја да испрати свои војници во Украина би значел „директна војна“ меѓу Западот и Русија.

– И веднаш ќе се сретнеме во третата светска војна. Така што сега е многу опасен момент – рече премиерот.

Според него, Русите нема да го предадат својот лидер, тие ќе ја чуваат земјата да не се распадне и ќе ја заштитат, ќе инвестираат повеќе пари и ќе произведуваат повеќе оружје од нивните противници.

– Затоа не треба погрешно да ги разберете Русите – рече Орбан.

На прашањето што би направил доколку би бил на чело на НАТО и „да биде, да речеме, Џо Бајден“, Орбан одговори: „Мир, сега. И веднаш го повика (поранешниот американски претседател Доналд) Трамп. Тоа е тоа”.

Тој додаде дека ако САД сакаат да го вратат мирот до „утре наутро“, би можеле да го сторат тоа.

– Очигледно е дека Украинците не се во состојба сами да го извлечат тоа. Тие не се конкурентни во оваа војна. Ако нема пари и оружје од Запад, особено од САД, тогаш војната е завршена. Одлуката е во ваши раце – потенцира Орбан.

– Се разбира, зборуваме за Украинци, тие не треба да се игнорираат, тие мора да бидат вклучени, но вистинскиот фактор не е Украина – додаде тој.

Орбан, исто така, ја нарече идејата за одземање на Крим од Русија „целосно нереална“.

– Тоа не доаѓа предвид – нагласи унгарскиот политичар.