Полициски службеници од СВР Велес вчера приведоа три лица кои учествувале во физичка пресметка меѓу две групи во Велес, информира денеска Билјана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
-Полициски службеници од СВР Велес вчера попладне во 16:40 часот ги привеле 23 годишниот М.В. и 22 годишната Е.Д., двајцата од Велес и 30 годишниот Д.К. од Струмица, поради тоа што кај место викано „Плочата“, по претходна вербална расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале и Б.Н, С.Ј. 38-годишен и М.В., сите од Велес, посочи Ѓаковска.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.