ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ИСПРАЌА ВОЈНИЦИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК – Откриен е точниот број! Во тек е распоредување на дополнителни сили !?

Велика Британија распореди дополнителни 1.000 војници низ Блискиот Исток по нападот на Хамас врз Израел на 7. октомври, соопшти високиот претставник на Министерството за одбрана на Велика Британија, Џејмс Хепи, во обраќањето пред парламентот.

Бројот на британски војници распоредени на Блискиот Исток е значително поголем од 600-те што ги спомна Грант Шапс, британскиот министер за одбрана, во вчерашното обраќање до британските парламентарци, но се верува дека тој погрешно претставил постара бројка која не целосно го вклучува присуство на британската морнарица во регионот на Блискиот Исток, пренесува весникот The Guardian.

Одговарајќи на прашање од опозицискиот лабуристички министер за одбрана во сенка Џон Хили, Грант Шапс исто така потврди дека персоналот на британските сили бил преместен во Тел Авив, Бејрут и Јордан за да помогне во заштитата на британската војска и цивилите.

Добро упатени извори од Министерството за одбрана на Велика Британија денес изјавија дека станува збор за британски офицери за врска со израелските одбранбени сили кои имаат задача да изготват планови за итна евакуација и други планови во случај на поширока војна во која би можела да се вклучи Хезболах, а можеби и Иран.

Истите извори нагласуваат дека тоа не се британски војници подготвени за борбени активности.