Велика Британија ја предаде својата последна африканска колонија. Островите Чагос беа вратени на Маурициус, по меѓународен притисок и 13 рунди преговори.
Британија се откажа од суверенитетот во договорот што ќе им овозможи на раселените пред повеќе од 50 години да се вратат дома, но го задржа правото да ја користи стратешката воена база која ја управува со САД.
Владата на Маурициус тврдеше дека била незаконски принудена да се откаже од Островите Чагос во замена за сопствената независност од Обединетото Кралство во 1968 година.
-Воопшто не беше лесно, но горди сме и трогнати што борбата завршува тука со осврт на минатите неправди. Конечно постигнавме договор кој може да доведе до договор меѓу нашите две земји. Англија ја препозна трагедијата што ја преживеаја жителите на островите Чагос и ја префрла грижата за нивната благосостојба на Маурициус, изјави Правинд Југнаут, премиерот на Маурициус.