Велосипедист загина во сообраќајка на булеварот „Никола Карев“ во Скопје

Шеесет и осумгодишен велосипедист загина во сообраќајна несреќа во Скопје.

Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера околу 11 часот на булеварот Никола Карев кога во него удрило комбе.

Зад воланот бил 41-годишниот М. Н., кој е приведен и задржан во станица.

Велосипедистот загинал на самото место, велат од полицијата.

Извршен е увид, а телото дадено на обдукција.