Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ја запроси Џорџина Родригез по девет години врска, а сега се шпекулира колку чини нејзиниот веренички прстен.
Таа сподели фотографија од накитот на Инстаграм, воодушевувајќи ги своите бројни следбеници. Експертите за Page Six изјавија дека неговата цена е помеѓу два и пет милиони долари.
Аџај Ананд, извршен директор на „Рејр Карат“, проценува дека скапоцениот камен во центарот содржи повеќе од 30 карати, што ја прави неговата вредност од пет милиони долари.
Од друга страна, Лаура Тејлор од компанијата „Лорел Дајмондс“ процени дека овој камен има помеѓу 15 и 20 карати и дека чини повеќе од два милиони долари.
„Централниот камен е опкружен со дијаманти, што додава уште повеќе сјај и го прави да изгледа уште поголем“, рече таа, додавајќи дека веројатно бил поставен во платина од безбедносни причини.
„Ова е прстен што го одзема здивот и дефинитивно е еден од најимпресивните што сме ги виделе во последниве години, совршено му прилега на еден од најпознатите фудбалски парови“, рече таа.