ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ – Дресот на Килијан Мбапе не е најпродаваниот дрес на ПСЖ: Едно име предизвика вистински бум бо Азија

Верувале или не, дресот на Килијан Мбапе не е најпродаваниот дрес на ПСЖ, таа титула му припаѓа на 22-годишниот Јужнокореец Канг Ин Ли.

Канг Ин Ли е играчот на ПСЖ со најмногу продадени дресови со неговото име на нив. Килијан Мбапе е малку зад него“, откри францускиот новинар Абделах Булма.

Вистинско лудило владееше во Јужна Кореја кога Канг Ин Ли летово се пресели од Мајорка во Пари Сен Жермен за 22 милиони евра.

Навивачите чекаа во долги редици за да купат дрес со неговото име, па само во Сеул 70 отсто од продадените дресови на ПСЖ беа со името на јужнокорејскиот репрезентативец.

Неговото доаѓање ќе ни донесе популарност во Јужна Кореја и ширум Азија. Тој е првиот голем азиски играч кој игра за ПСЖ. Тоа очигледно ќе ни помогне“, изјави летово Себастиен Васелс, еден од директорите на ПСЖ.

И беше во право, трансферот веќе се исплатеше.

Инаку, Канг Ин Ли помина на теренот само 132 минути од неговото доаѓање во ПСЖ, бидејќи се повреди по пристигнувањето во клубот.

За репрезентацијата на Јужна Кореја дебитираше во 2019 година и одигра вкупно 14 натпревари.