Деветгодишното девојче стана едно од повеќе од 728.000 кандидати за полагање на приемен испит на факултет во Франција, а Министерството за образование соопшти дека таа е најмладата кандидатка за диплома регистрирана во Националниот центар за учење на далечина (CNED).
- Одамна не сме имале толку млад упис. Кога слушнав колку години има, побарав да ги проверам информациите бидејќи бев многу изненаден – коментираше претставникот на француското Министерство за образование, Едуар Жофреј.
Најстариот кандидат има 76 години
На CNED студирала математика, физика и хемија, но полагањето на приемниот испит не гарантира дека ќе влезе на универзитетот.
Минатата година најмладиот учесник имал само 13 години, но ниту една апликација не била одобрена, пренесува Фигаро.
Од друга страна, најстариот кандидат за диплома во Франција годинава има 76 години.