Весна Змијанац е дел од музичката сцена повеќе од четири децении. Зад себе има многу хитови кои публиката ги слуша и денес.
Весна зад себе има два брака, а од вториот брак со Влад Јовановиќ ја доби ќерката – познатата пејачка Николија Јовановиќ.
Покрај исклучителниот глас, одличните песни и одличниот изглед, Весна важеше за добра пријателка и колешка. Така, на страниците кои објавуваат нејзини фотографии од младоста се гледа нејзиното дружење со многу колеги.
Во меѓувреме се појави фотографија со познатиот пејач Ален Исламовиќ на која музичарите позираа насмеани и прегрнати.
Се претпоставува дека фотографијата е направена во осумдесеттите години на минатиот век.
Да потсетиме, Исламовиќ беше член на групата „Дивље Јагоде“, а потоа и на легендарниот југословенски бенд „Бијело дугме“.