Поранешната пратеничка Весна Јаневска се подготвува за министерската фотеља во образование, додека актерот Зоран Љутков би можел да го преземе ресорот култура, објави Телма во вестите.
Од преговарачкиот тим на ВМРО ДПМНЕ се целосно затворени за какви било информации, освен дека преговорите финишираат и полека се исцртуваат контурите на министерскиоте места,
И лидерот на ВМРО ДПМНЕ, во денешниот говор во Струга најави дека за брзо време ќе биде формирана новата влада и директно им се обрати на новите министри, за кои рече дека дел се и присутни на настанот.
Конститутивната седница на Собранието е закажана на 28 мај, а извесно е дека Африм Гаши од Алтернатива ќе биде избран за парламентарен спикер.