ВЕТЕРОТ ГО ОТКИНА ЗАКОТВЕНИОТ КРУЗЕР И ГО ЗАБИ ВО ТАНКЕР! Погледнете ја моќта на олујата во туристичкиот рај кој се претвори во АРМАГЕДОН
Туристички рај за неколку секунди се претвори во армагедон откако суперклеточна бура ја погоди Мајорка, еден од најпопуларните острови во Шпанија, каде ветерот беше толку силен што откорна брод за крстарење од пристаништето и го удри во танкер со нафта!
Невремето ја погоди Мајорка во неделата доцна попладне, кога сончевиот ден се претвори во ноќ поради густите црни облаци.
Невремето беше придружено со обилни врнежи од дожд кои ги носеше силен ветер чија брзина достигна и до 120 километри на час.
Шпанските метеоролози издадоа итно предупредување за невреме за Балеарските Острови.
На Мајорка, Ибица, Менорка и Форментера е во сила црвен метео аларм.
Бурниот ветер и обилните врнежи предизвикаа голема штета.
Искршени се десетици палми и други дрвја, што доведе до блокирање на патиштата и сообраќаен хаос.
Уништени се десетици автомобили, поплавени се бројни патишта, додека сопствениците на дуќаните ги испразнија стаклата.
На социјалните мрежи се објавени десетици видеа од изненадени туристи од Велика Британија, Германија и Холандија, кои најмногу го посетуваат овој остров.
Ветерот носеше чадори, лежалки и столчиња на плажите и во градините на кафулињата. Оштетени се и неколку покриви на хотели.
Туристите трчаа за да се покријат.
– Бев во супермаркет кога започна невремето. Чекавме да помине, беше страшно. Кога се вративме на плажата немаше ништо – ни чадори, ни лежалки – изјави Кара Кејтлин од Лутон.
Британскиот таблоид Сан објави дека трудница итно била префрлена во болница откако на неа удрил патоказ кој паднал поради силниот ветер.
Многу туристички летувалишта претрпеа големи штети.
Андрац е едно од најпогодените подрачја од силно невреме.
Подрумите и улиците беа поплавени, а невремето предизвика дури 84 несреќи за кои требаше да реагираат итните служби, објави Мајорка Дејли Булетин.
Колку бил силен ветерот говори податокот дека од силен налет се урнал бродот за крстарење „P&O Cruises Britannia“:
– Мал број патници се здобиле со полесни повреди и им била укажана помош во медицинскиот центар на бродот. Нашите технички тимови ја проценуваат причинетата штета, поради што ќе останеме еден ден подолго во Мајорка – изјави неименуван портпарол на „П&О Крузс Британија“.