Ветерот носеше прозори, превртуваше автобуси: Невидено невреме во Норвешка, затворени училишта, патишта, мостови (ВИДЕО)
Бурата Ингун ја погоди Норвешка, со удари на ветер до 193 км/ч. Домаќинствата во централните области вчераутро останаа без струја, а автобус излетал од патот североисточно од Берген поради налетите на ветерот.
За среќа, никој од 14-те патници во автобусот не е повреден. Во некои делови на Норвешка затворени се училишта, патишта, тунели и мостови.
Ветерот искрш и откорна неколку прозорци на хотелот
Ветерот искинал неколку прозорци во хотел во Бод, округот Нордланд, каде полицијата издаде предупредување за „опасност по животот“. Бодо се наоѓа северно од Арктичкиот круг.
Менаџерот на хотелот ја потврдил штетата на 13-катниот хотел „Редисон Блу“. Штетата настанала на последниот кат од зградата на хотелот. Околу центарот на Бодо е поставен полициски кордон. Штета претрпе и болницата во Харстрад. Фотографиите во норвешките медиуми покажуваат рампа за слетување на хеликоптер преполна со остатоци.
„Плочките летаат низ целиот град и видливоста е лоша“, изјави портпаролот на градот Оивинд Арвола за норвешката телевизија NRK.
Најсилното невреме во Норвешка во последните 30 години
Бурата, за која норвешките метеоролози рекоа дека е најсилната што земјата ја видела во последните 30 години, ја погоди централна Норвешка во средата. Вчера невремето се пресели на север. Метеоролошкиот институт издаде црвено предупредување за регионот на Арктикот.
Норвешкиот рекорд беше поставен во средата навечер за најсилен ветер, јавуваат медиумите во земјата. Просечната брзина на ветрот во Норвешка била еквивалентна на ураган од трета категорија со над 190 км/ч. Метеоролозите велат дека невремето се движи кон североисток и дека ветровите наскоро ќе почнат да слабеат, пишува Sky News.
Бјорнар Гасвик, портпарол на полицијата во регионот Троенделаг, изјави за норвешката новинска агенција NTB дека државната агенција за јавна безбедност примила меѓу 40 и 50 пријави во текот на ноќта од луѓе погодени од невремето.