Вечна дилема – Дали треба ПОЧЕСТО да се мие косата ИЛИ НЕ? Нема да верувате колку тоа влијае на нејзиниот РАСТ!
Дали миењето на косата може да влијае на нејзината должина и здравје?
Иако сакаме кратка коса, популарниот боб кој одговара на сите и сите останати верзии на пократки фризури кои се во тренд, долгата коса најчесто ни е во срцето.
Додека продавниците се преплавени со серуми и уреди кои промовираат раст на косата, достапна е поедноставна и поевтина верзија.
Станува збор за наједноставното миење на косата. Честото миење на косата е една од оние теми за кои редовно се зборува. Додека некои жени одбиваат да ја мијат косата повеќе од еднаш неделно, други, особено оние со тенка коса, не можат да замислат да не ја мијат косата секој ден, бидејќи без неа нема фризура.
Од друга страна, дали миењето на косата може да влијае на нејзината должина и здравје? Може, бидејќи чистиот скалп значи здрав скалп, кој е главна основа за раст на косата.
Скалпот е кожа и потребно е редовно миење, бидејќи коренот на косата се наоѓа во скалпот, под површината на кожата, што значи дека чистата, избалансирана средина на скалпот им дава најдобра можност на фоликулите да растат и да се развиваат. Од ова произлегува заклучокот дека редовното миење се смета за еден од начините на кои може да се стимулира растот на косата.
Кога не ја миеме косата, маслото, потта, нечистотијата и мртвите клетки се собираат на скалпот, создавајќи соодветно место за раст на бактериите и затнување на фоликулите.
Кога фоликулите се блокирани, новата коса не може да расте и може да се појават проблеми како првут и чешање на скалпот.
Ако се прашувате дали шампоните ја уништуваат вашата коса и скалпот со тоа што ги користите премногу често, одговорот е дека не, доколку користите шампони за нега и здравје на скалпот. Исто така, со поредовно миење на косата нема веднаш да забележите поголем раст на косата, тоа е уште далеку. Меѓутоа, со употреба на шампони и регенератори со активни супстанции за раст, како што се биотин и кофеин, може да се забрза растот на косата.