Вештачењето на телефонот на монструмот предизвика паника! Сите пораки, повици, мејлови и фотографии – вистината излегува на виделина (фото)
Припадниците на Федералната полициска управа, кои го презедоа мобилниот телефон на тројниот убиец од Градачац, Нермин Сулејмановиќ, го испратија во Германија на вештачење.
Причината е што мобилниот телефон „ајфон“ на убиецот бил заклучен и инспекторите во Босна и Херцеговина не можеле да го отклучат. Телефонот се исклучи пред пет дена.
Мобилниот телефон кон средината на минатата недела со одлука на Управата на ФУП е испратен кај информатички експерт и истражител кој работи на вештачење на апаратот.
Сега се чекаат првите резултати од вештачењето, можно е до почетокот на неделата Обвинителството да ги има сите содржини, пораки и јавувања.
Предмет на истрагата е целосната содржина на телефонот: пораки, мејлови, фотографии, снимки и според истражниот план cè ќе биде успешно спроведено во најкус можен рок.
Со кого комуницирал?
Oд денот кога Сулејмановиќ ги уби Низама Хеќимовиќ, турските државјани татко и син Џенгиз и Денис Ондер, тешко рани жена и братот на Низама, Недим и еден полицаец, почнала паника меѓу оние кои на кој било начин му биле блиски. Се очекува нивните имиња да се најдат во телефонот.
Министерот за истрага
Министерот за внатрешни работи на БиХ, Рамо Исак, коментираше за некои детали поврзани со досегашната истрага за трагедијата во Градачац.
Тој тврди дека страшниот случај не разбудил недоверба во полицијата, туку само кај поединци, имајќи предвид дека и полицајка од Градачац е суспендирана поради можна поврзаност со тројниот убиец.
Доколку се утврди одговорноста на кој било поединец во полицијата на кантонот Тузла, тој вели дека лично тој ќе побара нивно гонење.
Кога станува збор за истрагата, ФУП е задолжен да го изврши прегледот на телефонот на убиецот.
– Резултатите ќе бидат брзи. Вештачење се прави во една од земјите кои ја имаат оваа можност бидејќи се работи за специфична ситуација. Тоа е „ајфон“ и веќе се исклучи. Кога ќе згасне, нашите експерти не го прават тоа, и најчесто го праќаме во Америка. Веднаш штом ќе се отвори телефонот, ќе се добијат одговори на прашањата што граѓаните со право ги поставуваат – рече тој, додавајќи дека вештачењето ќе биде направено во еден од најдобрите оддели во светот за овие цели.
Во исто време, јавноста се уште нема добиено информации дали се донесени токсиколошките наоди на убиецот, иако е познато дека тој користел голем број средства за да изгради мускулна маса.
– Кантоналното обвинителство кое ја води истрагата побара од нас да не даваме никакви информации. Се надевам дека во рок од два-три дена обвинителството јавно ќе излезе во медиумите и ќе соопшти што е сработено – одговори Исак во врска со тоа.
Крвавиот поход на Нермин Сулејмановиќ
Нермин Сулејмановиќ, кој изврши тројно убиство, почнувајќи од невенчаната сопруга Низама Хеќимовиќ, веќе и претходно бил пријавуван во полиција за семејно насилство. Ја уби сопругата пред викендицата во Шибовац, недалеку од Градачац, додека нивната ќерка лежеше во локви крв и плачеше.
Како што можеше да се види на вознемирувачкото видео кое сега е избришано, тој ја прашал несреќната жена зошто го пријавила во полиција, а таа му одговорила дека се плаши за себе и за детето.
Откако ја претепа и ја уби својата невенчана сопруга, Нермин убилќ уште две лица, татко и син (23), турски државјани, Џенгиз и Денис Ондер. Во крвавиот пир ранета беше и мајката, поточно сопругата на убиената, која е во критична состојба на Клиниката за анестезиологија и реанимација во Тузла.
Низама го пријавил насилството, а потоа на нејзината врата дошол и самиот џелат.