Вештачката интелигенција наскоро ќе ја надмине човечката интелигенција! Се очекуваат максимум 10 години – Ќе преземе се!
Таа веќе самостојно учи, се тренира и самостојно заклучува, исто како и луѓето.
Извршниот директор на јапонската инвестициска корпорација „SoftBank“ Масајоши Сон неодамна на корпоративната конференција „SoftBank World“ изнесе храбро тврдење – дека општата вештачка интелигенција (AGI) ќе ја надмине човечката интелигенција во речиси сите области во следните 10 години.
Овој оптимистички поглед на иднината на вештачката интелигенција предизвика внимание и дебата ширум светот.
Сон истакна дека е грешка да се тврди дека вештачката интелигенција не може да ја надмине човечката интелигенција, нагласувајќи дека АГИ сега има способност да учи, да се самотренира и да расудува независно, слично како и луѓето. Овој акцент на автономијата и независноста на AGI ја отвора вратата за нови хоризонти во областа на вештачката интелигенција.
– Мислам дека е погрешно да се каже дека вештачката интелигенција не може да биде попаметна од луѓето бидејќи ја создале луѓе. Таа сега самостојно учи, се тренира и самостојно заклучува, исто како и луѓето – рекол Сон, пренесува „24sedam.rs“.
Вештачката општа интелигенција (AGI), како што е опишано на порталот TechTarget, е вид на вештачка интелигенција способна да изврши каква било интелектуална задача што може да ја изврши човекот. AGI, исто така, има способност да најде решение самостојно кога ќе се соочи со непозната задача, што го прави исклучително моќна алатка во широк опсег на индустрии.
Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, изјави претходно оваа година дека AGI попаметен од човекот ќе биде достапен до 2026 година, додека шефот на Open AI рече дека очекува силен развој на AGI во блиска иднина.